Тони Фергусон мораше да се сретне со Хабиб Нурмагомедовг на УФЦ 209, но нивниот дуел пропадна откако рускиот борец беше пренесен во болница неколку часа пред мечот.
Како последица на тоа на Фергусон беа оставени две можности – воопшто да не учествува на настанот или да прифати меч со Мајкл Џонсон за многу помалку пари.
„Ел Цуцуј“ одлучи да го пропушти учеството на УФЦ 209, избирајќи да земе своите „ѓоу мани“ кои му беа гарантирани за успешното мерење пред мечот.
Според него, тој бил изигран за парите од страна на претседателот Дана Вајт.
„Тоа беше како шлаканица. Направив се што е во моја моќ за да се појавам на вагата. Заради тоа и се нарекуваат „show money“. А кога утрово погледнав во сметката, реков – „што е ова по ѓаволите, човеку“? Реков – „сериозно ли етоа“?
Ел Цуцуј сподели мислење дека најверојатно Дана Вајт, кој е љубител на коцкање, со парите играл барбуд (фрлање на зарови), кои тој требало да ги добие.
„Вајт рече, ќе те финансираат тие натпревари. Како очекуваат да ја сакам компанијата за која работам, ако тие ме изигруваат со парите? Тој ми кажа дека претрпел загуби од она што се случило. Но се обложувам дека сега е некаде на јахтата, обложувајаќи се на зарови со 250.000 долари“.
Официјално лице од УФЦ, кој побарало анонимност, го негираше кажаното за медиумите, велејќи дека Фергусон добил шест цифрен хонорар за мерењето.