Тони Бошевски: Одиме на четири титули!

Dimsa so urko i Bosevski

Битолчани на Државното првенство во кик бокс ќе настапат со искусен состав и кој ќе атакува на титулите, со што ќе обезбедат место во репрезентацијата за Светското првенство во Белград во октомври. КБК Самурај ќе настапи со: Дејан Дамевски (-67 кг), Дејан Ристевски -Фајтерот (-75 кг), Александар Најдовски-Сканта (-91 кг) и Александар Димовски-Димса (+91 кг), сите се пријавени во лоу кик.

Samuraj Bitola 2015-09-17 18.56.49

Тренерот на Самурај, Тони Бошевски, е оптимист и смета дека сите ќе станат шампиони на Македонија.

„Ова се многу искусни кик боксери, при што ќе дадеме повеќе акцент на ножната техника и ќе имаме многу затворен гард“, вели Бошевски, кој нагласува дека сите натпреварувачи биле репрезентативци на Македонија.

Поради прекомандувањето на нашиот искусен боксер во кикбоксот, Примислав Димовски, се очекува тој да се сретне со битолскиот тешкаш и репрезентативец Александар Димовски-Димса, кој инаку добро го познава боксот. Оваа борба уште сега се прогласува за најатрактиван на Првенството.

„Сите ние сме во топ форма. Мислам дека подготвеноста ќе ни донесе победа, иако станува збор за врвен боксер со големо меѓународно искуство“, категоричен е тренерот на Самурај.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON