Тони Белју: Имав состанок со УФЦ во врска за борбата со Биспинг

Минатата година Тони Белју имаше вербална конфронтација со поранешниот шампион на УФЦ, Мајкл Биспинг.

Поранешниот светски боксерски шампион во крузер категорија се понуди да влезево кафезот за да се бори со „Каунт“, на што Биспинг му одговори дека боксерите заработуваат повеќе тој не би имал ништо против за средба во рингот.

35-годишниот Белју на 5 мај го чека реваншот со Дејвид Хеј.

Но, можеби иднината му носи настап во најголемата ММА промоција во светот. Боксерот од Ливерпул потврди дека разговарал со УФЦ за можна борба со Биспинг.

„Мислам дека тоа беа луѓе од ИМГ со кои се сретнав во Вегас. На борбата Мејведер- Мек Грегор, седнавме и разговаравме. Тие ме праша дали сум сериозен? Им реков 100 проценти“.

„Би сакал да влезам во кафезот. Тоа е она што ме интересира“.

„Биспинг знае да зборува. Би го сакал тоа. Ги имам сето почитувањето на светот за Биспинг, не бил гаден спрема него, сигурен сум дека ќе биде забавно“.

„Би му ги изгасил светлата, брзо би одел „спиење“. Ако јас некого го удрдам со ракавица од четири унца, тоа е лошо“.

Биспинг пред повлекувањето би требало да одработи уште една борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON