Томислав Спаховиќ го призна убиството

tomislav_spahovic_is_big

Томислав Спаховиќ потпишал спогодба за признавање на вината дека го извршил убиство над Амил Гец на 22 април оваа година, пишува Klix.ba

Тоа го потврди и неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ. Одбраната предложи шест години затвор поради начинот на кој го направил делото и дека Спаховиќ се бранел, но Обвинителството КС побара 7,5 години и се согласивме“, рече Мехмедбашиќ.

Спогодбата ќе се разгледува на 10 октомври во Кантонскиот суд во Сараево.

На Кантонскиот суд во Сараево на 26 јули го потврди обвинението против Томислав Спаховиќ поради сомнение за сторено кривично дело убиство, а против Арлис Нишиќ поради основано сомнение за сторено кривично дело со тешки телесни повреди и кривично дело за незаконско поседување на оружје.

Томислав Спаховиќ е обвинет дека на 22 април на улицата Нусрет Прохиќ, во сараевската населба Буќа поток, сторил кривично дело убиство со пет истрели во правец на возилото во кое се наоѓал Гец кој поради здобиените повреди почина на 23 април.

Со истото обвинение Арлис Нишиќ се товари за нанесување тешки телесни повреди на сметка на Х. Ш. како и за нелегално стекнување и поседување на оружје.

Спаховиќ првично избега, но се предаде на 28 април, кога го негираше делото. Од тогаш е во притвор во Казнено-поправниот центар во Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON