Двајца од најголемите миленици на боксерска фанови Томи Хорнс и Марвин Хаглер може повторно да се сретнат во рингот.
Marvelous Marvin Hagler was marvelous again #OnThisDay in 1983. Check it out: https://t.co/W9qVINfztj #Boxing pic.twitter.com/vSL3SqpMXp
— The Fight City (@TheFightCity) May 27, 2016
Тоа е она што го рече 59-годишниот Хорнс. Му фрли ракавица на својот противник и понуди да имаат реванш на нивниот феноменален дуелво три рунди од 1985 година. Тогаш победата му припадна на Хаглер по брутална размена на удари.
„Марвин, те предизвикувам на борба“, рече Хорнс.
„Многу сакам да направиме меч. Со тебе испишавме боксерска историја, но имаме една незавршена работа. Уверен сум во моите сили, а ти“?
Хаглер возрати со контра понуда, да се сними филм, откако забележа дека се веќе премногу стари.
„Тоа ќе биде одлична идеја“, додаде Хаглер и дополни:„Ќе го наречеме – Војната“.
.