Томе Тодоровски од Макпетрол го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми на вториот ден од Карате 1 Премиер лигата во Кобург, Германија, и ја одбрани честа на македонското карате, односно да се освои медал на турнир од Премиер лигата.
Томе најпрво го совлада со 2-1 Томас Касерер од Австрија, откако во првото коло беше слободен, за потоа да биде убедливо совладан од Кујтим Бајрами од Швајцарија со 8-0. Но, во стилот на вистински шампион, во репасажот маестрално ги доби сите три борни и заслужено го освои третото место и бронзениот медал.
Тодоровски во првата борба од репасажот го доби Колумиецот Карлос Морено по резултат 0-0 (3-2) на изјаснување, со 4-3 го совлада Хезус Коста од САД и во одлучувачката борба повторно со изјанување на судиите славеше (0-0, 3-2) над Џек Гил Барнеј од Нов Зеланд.
Во истата категорија вториот натпреварувач на Макпетрол, Игор Таневски, беше поразен во првото коло од Стивен Дакоста од Франција со 9-0. Но, и во репасажот загуби од Ментор Бутуци од Швајцарија со 2-0.
Треба да се истакне и одличниот настап на тешакашот Семир Ќосовиќ (+84 кг), кој беше запрен дури во полуфиналето од Тајрон-Дарнел Ларди од Холандија со 5-0.
Каратистот на Металург во првото коло го совлада Ангел Георгиев од Австралија со 1-0, па Валентино Фиораванте од Италија по изјаснување на судиите, бидејќи борбата заврши 0-0. Со 5-0 славеше над Греманецот Алексадар Балгојевиќ, а со 1-0 го победи Јунг-Чи Ванг од Тајпеј, со што го освои првото место во својата група.
Во репасажот не смогна сили против Французинот Салим Бендиаб, беше поразен со 3-0.
Во оваа категорија Емануел Ристевски (Макпетрол) имаше учинок 1-1, однонсо во првото коло го победи Лоренцо Панаро од Италија (0-0), за потоа во интересна борба да биде поразен од Русинот Александер Пшеницин со 8-6.
ipon.mk/В.Д.