Том Аспинал воопшто не губеше време со Картис Блејдс.
Британскиот привремен шампион во тешка категорија го нокаутира „Разор“ за 1 минута. Нивната борба беше коглавна на настанот УФЦ 304 што се одржа во Манчестер, Англија. Во прашање беше привремената титула на Аспинал. Картис добро ја започна борбата и му зададе кроше на Аспинал, кој не му остана должен.
Откако си разменија удари, за кратко влегоа во клинч. Том и Картис се разделија и застанаа во центарот на кафезот. Британецот пласира лев и десен удар кои го соборија Блејдс. Аспинал го следи на партер и го опсипува со удари, принудувајќи го судијата да ја прекине борбата. Така Том ја одбрани титулата за 60 секунди.
Со оваа победа Том влезе во серија од 3 последователни победи. Блејдс повторно се враќа на поразите.
Том го задржа појасот на привремениот шампион во тешка категорија, но дополнително го засили впечатокот дека е најдобриот тешкаш во светот во моментов. Можноста за таа потврда ќе треба да се почека, бидејќи Џон Џонс и Стипе Миочиќ треба да се борат дури во ноември. Аспинал ќе го чека победникот, освен ако има непланирани околности кога Аспинал ќе добие шанса за појасот порано од очекуваното. Том го прозва Џон Џонс по мечот.
„Немам ништо против тебе, но само мислам дека сум подобар“, рече Том.
Том Аспинал е страшен борец и прашање е дали има некој тешкаш кој може да го запре во овој момент.
That was fast! Tom Aspinall finishes Curtis Blaydes #UFC304 pic.twitter.com/OLWg6kla25
— TakeruCigarra (@TakeruCigarra) July 28, 2024
https://twitter.com/UFCEurope/status/1817412816220860852
https://twitter.com/espnmma/status/1817412528483307791