Том Аспинал експресно го заврши Блејдс, а потоа му порача на шампионот Џонс: Подобар сум од тебе

Уште еден убедлив настап и уште една победа на Том Аспинал. На настанот УФЦ 304 во Манчестер, англискиот борец го победи Американецот Картис Блејдс со технички нокаут за 60 секунди.

Со овој триумф Аспинал му возврати на Блејдс за единствениот пораз во УФЦ, пред две години, кога го повреди коленото и се откажа од борбата по само 15 секунди поминати во октагонот.

Откако го одбрани привремениот шампионски појас на УФЦ во тешка категорија, Том му се заблагодари на противникот и му покажа голема почит.

Англичанецот со преден директ го собори Картис, а мечот го заврши со неколку силни удари, тоа беше негова 12-та победа со нокаут.

„Јас сум најдобриот финишер во УФЦ. Намирисам ли крв, тогаш сте готови. Разговарав со шефот Дана Вајт и го прашав кој сака да ме гледа против Џон Џонс? – рече Том Аспинал, а потоа му порача на шампионот:

„Би му рекол здраво на Џон. Немам ништо против тебе, но само мислам дека сум подобар. Знам дека можам да те победам, доаѓам по тебе“.

Актуелниот шампион во тешка категорија Џон Џонс треба да го брани појасот против Стипе Миочиќ во ноември, но Аспинал не ја крие желбата да скокне на тој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON