Том Аспинал до Џон Џонс: Или бориме на УФЦ 317 или ослободи ја титулата

Том Аспинал е решен да се бори налето и не му е грижа дали ќе биде против Џон Џонс.

Привремениот шампион на УФЦ во тешка категорија го интересира само неприкосновената титула. Таа титула моментално ја држи Џонс, кој бара 6 месеци за подготвки за борба со Аспинал. Ова покажува дека очигледно Џон планира да се бори најрано наесен. Аспинал не сака да стои без работа и го повика да се откаже од појасот.

Том е подготвен да се бори со секого се додека неоспорната титула е залог. Британската ѕвезда е привремен шампион од ноември 2023 година и веќе има 1 одбрана на титулата. Аспинал е желен да ја преземе неприкосновената титула и го повика Џонс или да се бори со него налето или да се откаже од појасот.

„Треба да откриеме со кого ќе се борам. Ако не е Џо Џонс, тогаш тргни ми се од патот. Нека ја ослободи титулата, а јас ќе се борам со некој друг. Реков на УФЦ дека сум подготвен да се борам во секое време. Ми се допаѓа идејата да се борам на УФЦ 317, што ќе биде на Меѓународната недела на борбите во Лас Вегас. Тренирам многу време и сум подготвен да с еборам уште овој викенд. Се среќавав со луѓето од УФЦ и тие беа уверени дека оваа борба со Џонс ќе се случи.

Верувам во тоа што го кажуваат. Ќе се сретнеме повторно следната недела за да видиме што ќе се случи. Не го следам Џон Џонс. Сакам да се борам со него бидејќи ја има титулата. Ако ја нема титулата, тогаш не ми е грижа за него. Сакам да бидам најдобар во тешка категорија, а оваа титула ти го дава тој статус“, изјави Аспинал на каналот „Еден на еден ММА“ на Јутјуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON