ТКД Феникс освои шест медали со осум натпреварувачи на завчерашниот „Корио опен“ во Скопје.
Матеј Богески освои златен медал во пионерска конкуренција, а Стефан Димовски, Ѓорѓи Хасановски и Лука Ангелов сребрени, додека кадетите Мирче Секоски и Христијан Спировски се третопласирани.
„Натпреварувачите покажаа дека клубот има квалитет и се движиме на правиот пат“, вели тренерот Александар Вељановски.
Ipon.mk