ТКД Бутел севкупен победник на „Нерон опен 2016“ во Бугарија

TK Butel vo Bugarija na neron

Викендов што помина теквондистите на Бутел од Скопје учетсвуваа на првиот Меѓународен турнир „Нерон опен“ во Софија-Бугарија, а по сумирањето на сите резултати во различните возрасни групи нашиот клуб е севкупен победник.

Пехарот за најуспешна екипа на „Неро опен“ е за ТКД Бутел, пред Левон-Ниш (Србија) и Чаереа (Бугарија). Кај децата, доминираа бугарските тимови: Ниро, Сунг ри и Кондор 2000. Во пониската Б-класа првото место е за Чаереа, Елита (Загреб) и Кондор 2000. Кадети Чаереа, Левон Ниш (Србија) и трето Бутел (Македонија). Во јуниорска конкуренција доминираше Бутел пред Левон- Ахил “(Софија) и Ниро (Софија), Рамос (Софија) и Дидимотеиску (Грција).

Претходно објавивме дека екипата на Бутел го освои првото место во јуниорска конкуренција во А-класа и третото за кадети, при што беа освоени 10 први места и по едно второ и трето место. Во класа А црни појаси-јуниори беа освоени: 4 златни и 1 бронзен; кадети- 3 златни и 1 сребрен и пионери 3 златни медали.

На „Нерон опен“ кој имаше 340 натпреварувачи 33 клуба од Бугарија, Грција, Хрватска, Србија, Македонија и Романија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON