ТК Младост најдобар во јуниорска конкуренција на „Империум Пазова опен“ – Христијан Симовски најдобар јуниор на турнирот

Таеквондистите на Младост вчера имаа забележителен настап на Меѓународниот турнир „Империум Пазова опен“ во Србија, освојувајќи го првото место во вкупен пласман за јуниори А класа, додека Христијан Симоновски е прогласен за најдобар јуниор на турнирот.

Сето ова е постигнато со 11 натпреварувачи во конкуренција на околу 500 учесници од целиот Балкан.

„Би ги издвоил настапите на Христијан Симоновски и Давид Божиновски кои придонесоа да го заземеме првото место во групниот пласман за јуниори А класа, а Христијан беше прогласен за најдобар јуниор на натпреварот“, вели тренерот Стефан Миленковски и додаде:

„Ова е само еден од натпреварите кои се планирани за оваа полусезона. Следна станица е Европското првенство за пионери и кадети каде што ќе дадеме се од себе да го подобриме успехот од минатата година, односно европската бронза на Давид Петковски да ја надградиме со посјајно одличје. Петковски и оваа година е главен претендент за медал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО