Во Таеквондо клубот Кобра се задоволни од настапот на Меѓународниот турнир „Скопје опен“, нагласувајќи дека според освоените бодови се втор најуспешен македонски клуб. Клубот настапи со 30 натпреварувачи и освои 12 златни медали, 6 сребрени и 12 бронзени.
„Исклучително сме задоволни со овој постигнат резултат на „Скопје опен“. И покрај долгата пауза која не зафати поради ситуацијата со корона кризата, Кобра е во врвот на македонското таеквондо. Клубот настапи со 30 учесници со освоени 12 златни медали, 6 сребрени и 12 бронзени. Голем дел од нив беа во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција, но имаше и учесници кои за прв пат настапија, како пионери. И тука остваривме извонредни резултати во смисла натпреварувачи имаше со по три победи за да го освојат или за да дојдат до првото место. Тоа ни укажува дека „Скопје опен“ беше навистина турнир со масовно учество на земјите од соседството и со добар квалилтет“, вели тренерот Катерина Михајлова и додава:
„Во наредниот период имаме Светско јуниорско првенство во Бугарија, а со најдобриот сениор Дамјан Трајковски се подготвуваме за септември за Европското првенство во У -21 во Албанија.Но, пред тоа не чека „Астерикс опен“14 мај.