Таеквондистите на Петровец и Делини Илинден во неделата настапија и на вториот турнир во Србија на 12. „Омега куп“ во Белград.
Со две победи Иво Сандев од Петровец освои бронзен медал, кој целиот викенд настапуваше со температура и лекови, но сепак на двата турнира беше успешен, а Даниела Ѓоргиевска, јуниорка, -42 килограми освои бронзен медал. Ива Сандева-47 кг победи во првата борба, но во борба за медал изгуби, а Никола Џопевски на вториот турнир не освои медал.
Од ТК Делини Илинден медали освоија Даријан Ангеловски и Дамјан Богдановски и тоа златни.
Ipon.mk/В.Д.