На третиот Меѓународен таеквондо турнир „Скопје опен 2016“, што се одржа вчера, екипата на Бутел од Скопје е севкупен победник со 10 златни, 9 сребрени и 8 бронзени.
На „Скопје опен 2016“ учествуваа 330 борци од 40 клубови од регионот.
Резултати
Вкупен пласман- пионери:
1.Бутел -,Македонија
2.Нерон – Бугарија
3.Војводина – Србија
Кадети:
1.Ниш – Србија
2.Борец – Македонија
3.Бутел – Македонија
Јуниори:
1.Бутел – Македонија
2.Борец – Македонија
3.Корио – Македонија
Турнирот свечено го отворија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, директорот на АМС, Марјан Спасески и претседателот на МОК, Васил Тупурковски.
Ipon.mk/В. Д.