Стивенсон и Кордина ќе ги загреваат Бетербиев и Бивол

Се чини дека борбата меѓу Шакур Стивенсон (22-0) и Џо Кордина (17-1) за светската титула на ВБЦ во лесна категорија е веќе договорена за 12 октомври, како дел од картата за неприкосновениот судир за титулата во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев ( 20-0) и Дмитри Бивол (23-0), објави Џулијан Џулиус.

Минатата недела стана poznato дека меѓу нив се водат преговори, а сега има резултат.

Како дел од договорот вклучена е идна пресметка меѓу Стивенсон и Џервонта Дејвис (30-0). Тој потпиша договор за една борба со Мечрум бокс, а компанијата му вети борба со шампионот на ВБА доколку победи против Кордина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON