Тито Ортиз ја заврши својата кариера со победа против Каел Сонен на Белатор 170.
Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија во Лос Анџелес славеше со сабмишн за нешто помалку од 2 минути борба.
„Американскиот гангстер“ прво го фати Ортиз во гилотина, Тито излезе, дојде во доминантна позиција (маунт), а потоа се префрли на давење од позади и го принуди 39-годишниот Сонен да се предаде.
41-годишниот Ортиз така стигна до 19 победа во кариерата, во која има и 12 порази, додека за 39-годишниот Сонен ова беше 15 пораз, а тој има и 29 победи.
Пол Дејли со летечко колено во првата рунда го нокаутира Бренан Вард, додека Јапонецот Хисако Като со поделена одлука на судиите го победи Ралек Грејси во првиот меч од 2010 година.
Братот на Лиото Мачида, Чинзо, со нокаут во третата рунда дојде до победа против Јамара Окампо.
Белатор 170
Тито Ортиз – Каел Сонен (сабмишн, давење од позади, Р1)
Пол Дејли – Бренан Вард (КО, Р1)
Хисако Като – Ралек Грејси (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)
Емануел Санчез – Георги Караханјан (мнозинска одлуката на судиите, 28-28, 28-27, 28-27)
Дерек Кампос – Дерек Андерсон (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Чинзо Мачида – Јамар Окампо (ТКО, Р3)
https://youtu.be/WhXWF8FEOHQ
https://youtu.be/DJlrXKoVig4
https://youtu.be/fX49zdbox-M