Екипата на официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија Александар Поветкин (Русија) подготвува огромна сума за претстојниот тендер, кој ќе го одреди домаќинот на натпреварот со шампионот Дионтеј Вајлдер. Преговорите треба да започнат во октомври, а ако двете страни не се разберат, тогаш ќе дојде до задолжителното наддавање.
„Според мое мислење, тие ќе се обидат да го избегнат овој меч. Имам уверување од Светскиот боксерски совет дека по средбата на Вајлдер во септември, тој нема да е можност доброволно да ја барани титулата и дека ќе треба да го прави тоа против Поветкин“, – коментира менаџерот на Поветкин, Алексеј Рјабински.
Двете страни ќе имаат рок од 30 дена, за да дојдат до договор пред да се одржи тендерот.
Во 2013 година Рјабински понуди сума од 23 милиони долари, за да го организира мечотмеѓу Владимир Кличко и Александар Поветкин во Русија.
https://youtu.be/638bv8rJ1Xg