Мечмејкер промоторот од Дуко спорт на Џозеф Паркер, Стјуарт Данкан, објасни зошто Новзеландецот ќе ја брани ВБО титулата против Разван Цојану.
Паркер требаше на 6 мај прв пат да ја брани светската титула во тешка категорија против Хју Фјури, но Британецот се откажа поради повреда на грбот.
25-годишниот боксер се подготвува од 30 јануари, а се подготвуваше за висок противник, така што којабило замена треба да биде најмалку 195 сантиметри.
И додека му вели дека Паркер со задоволство би се борел со Дионтеј Вајлдер кој испрати предизвик, оваа битка не е опција, бидејќи на Американецот има закана за одземање на ВБЦ појасот, ако го игнорира задолжителниот предизвикувач Бирмејн Стиворн.
Цојану има над 300 аматерски борби, а професионалец од 2011 година. Имаше потпишани договори за борби со Жарел Милер, Дилијан Вајт и човекот кој најмногу се избегнува тешка категорија, Луис Ортиз, но сите три беа откажани.
Изјави дека Романецот е висок и подвижен и со убиствено лево кроше, а, освен тоа, знае што работел Паркер во тренинг кампот, бидејќи му беше спаринг партнер за Фјури и Александар Димитренко.
Тврди дека Паркер ниту еднаш не го соборил Романецор на спаринзите.
ВБО листа:
1.Хју Бес е повреден
2.Кристијан Хамер веќе потпиша договор за одбрана на европската титула
3.Жарел Милер е понизок од Фјури и со сосема различен стил
4.Енди Руиз оваа недела започнува со тренинзите
5.Кубрат Пулев овој викенд го брани регионалниот наслов на ВБА
6.Доминик Бризил не сака да се бори на 6 мај
7.Дилина Вајт има договорен меч со Мариуш Вах
8 Том Шварц бореше минатиот викенд
9.Андриј Руденко е висок 182 сантиметри
10.Луис Ортиз поради повреди минатата недела ја откажа борбата
11.Андреј Федесов е висок 185 см и не се бори ни малку слично како Фјури
12.Агит Кабајел е висок 190 сантиметри. Ниту тој не се бори слично како Фјури
13.Фуџимото Кјотаро е висок 180 см и има закажано борба
14.Разван Цојану е висок 2 метри, е во тренинг и е достапен
15.Зилеи Занг левак