Тимот на Џошуа ми испрати понуда на Вајлдер земи или остави од 12,5 милиони долари

Ентони Џошуа рече дека Дионтеј Вајлдер ќе добие понуда што не може да ја одбие.

Британски Телеграф пишува дека тимот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот во тешка категорија испратил понуда за борба со ВБЦ шампионот „земи или остави“ од 12,5 милиони долари.

Понудата не вклучува никакви дополнителни бонуси од продажба на билетите и плати-па-гледај, туку му ја гарантира на 32-годишниот Американец најголемата заработувачка во кариерата, но не онолку колку би се надевале тој и неговиот менаџмент.

Поделабата на парите за борбата Џошуа-Паркер беше 67-33 во корист на Британецот, иако тимот на Вајлдер најави дека ќе прифати каквабило пристојна понуда под услов ако Вајлдер победи тие да имаат такви услови во реваншот, сепак очеуваа поделба 60-40 во корист на Џошуа.

Се претпоставува дека борбата би можела да има приход над 100 милиони долари.

Во извештајот на Телеграф понатаму се наведува дека за реваншот во Америка ќе се разговара за поделба на половина-половина, без оглед на исходот од првата борба.

Договорот е испратен со рок за прифаќање од 48 часа, а ако не го прифатат, Џошуа најверојатно ќе се сврти на борбата со Александар Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON