Тиjаго Сантос – Марета (21-6, 13-5 УФЦ) го нокаутира Јан Блахович (23-8, 6-5 УФЦ) во главната бпрба на првиот настан на УФЦ во Чешка.
35-годишниот Бразилец со лево кроше го собори, а потоа и со хамерфисти на почетокот на третата рунда го нокаутира Полјакот и ја постигна четвртата последователна победа, трета од подигањето во полутешка категорија. Блачовиц со овој пораз ја прекина серијата од четири последователни победи.
Стефан Струве (29-11, 13-9 УФЦ) со пресврт против Маркос Рожерио де Лима (16-6-1, 5-4 УФЦ) ја прекина низата од три порази.
Бразилецот веднаш на почетокот на борбата со десен оверхенд го собори холандскиот див и потоа напаѓа од гард до пред самиот крај на рундата кога доаѓа до маунт позиција, но Струве успева да се одбрани.
Холанѓанецот во втората прави пресврт. Де Лима повторно се обидува десен оверхенд, завршуваат во клинч, а Струве потоа го урива со сплеткување. Од полугард преоѓа на целосен маунт и рачен триаголник ја завршува борбата приближно околу средината на рундата.
Оваа победа ја оствари десет години откако дебитираше во УФЦ на 21 февруари 2009 година во Лондон, когао изгуби со нокаутот од Жуниор Дош Сантос за 54 секунди.
Магомед Анкалаев (10-1, 2-1 УФЦ) со едногласна одлука го победи Клидсон Фаријас (14-3, 0-1 УФЦ), кој го замени повредениот Србин Дарко Стошиќ. Русинот во првата рунда на Бразилецот во неговото УФЦ деби му го скрши носот.
Петр Јан (12-1, 4-0 УФЦ) продолжи со брилијантниот старт на кариерата во најјаката ММА промоција. На мечот што се одржа во бантам категоријата, 26-годишниот Русин до четвртата последователна победа дојде со убедлива изведба. Со едногласна одлука на судиите славеше против поранешниот двократниот предизвикувач за титулата во мува категорија на Џон Додсон (20-11, 9-6 УФЦ).
Velteraš Двајт Грант (9-2, 1-1 УФЦ) во последната секунда на првата крунда така го нокаутира Карл Педерсоли (11-3, 1-2 УФЦ) што му излета гумата за заби.
24-годишниот Пол Михал Олексејчук (14-1-1НЦ, 1-0-1НЦ УФЦ) со удар со лево кроше во телото по минута и пол од борбата го нокаутира Џан Виланте (17-11, 7-8 УФЦ).
УФЦ на ЕСПН +3:
Тијаго Сантос – Јан Блахович (ТКО, Р3)
Стефан Струве – Маркос Рожерио де Лима (сабмишн, триаголник давење, Р2)
Михал Олексејчук – Џан Виланте (КО, Р1)
Лиз Каруше – Луси Пудилова (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Петр Јан – Џон Додсон (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Магомед Анкалаев – Клидсон Фаријас (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Двајт Грант – Карло Педерсоли Јун. (TKO, Р1)
Крис Риголд – Даниел Тејмур (сабмишн, давење од позади, Р2)
Џилијан Робертсон – Вероника Маседо (сабмишн, давење од позади, Р2)
Дамир Хаџовиќ – Марко Поло Рејес (ТКО, Р2)
Исмаил Наурдиев – Мишел Празерес (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-27, 30-27)
Диего Фереира – Рустам Хабилов (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Дамир Исмагулов – Џоел Алварез (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=HATJxUMNEkg
https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1940313019413158/
https://www.youtube.com/watch?v=g2mpntPgcl0
https://www.youtube.com/watch?v=Iqpu4kV5vuY
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=0NUFYycinRA
.