Рико Верховен, шампионот на Глори во тешка категорија, во рингот ќе се сретне со Џамал Бен Садик.
Ова ќе биде трета средба меѓу овие кикбоксери. Мечот ќе се одржи во 2021 година, а повеќе информации ќе бидат објавени на настанот Глори 76 што ќе се одржи на 7 ноември во Ротердам, Холандија.
На првата средба меѓу нива, одржана во 2011 година, Верховен загуби со нокаут во втората рунда. Шест години подоцна, победата му припадна на „кралот на кик-боксот“ по нокаутот во петата рунда.
https://www.instagram.com/p/CGYRvCclyy0/?utm_source=ig_embed
Рико Верховен има биланс од 56 победи (17 со нокаут) и 10 порази во кик-боксот. Тој не загубил во последните 5 години.
Џамал Бен Садик има скор од 36 победи (29 со нокаут) и 8 порази. Белгиецот со марокански корени е во серија од 4 последователни победи.