Тешки преговори меѓу Канело и Де ла Хоја

Боксерската суперarвезда Сол Алварез – Канело, неговите промотори од „Голденбој промоушнс“ и платформата ДАЗН седнаа на преговарачката маса откако Мексиканецот реши да ги тужи.

Канело бара 280 милиони долари според договорот вреден 365 милиони долари со двете компании, потпишан во 2018 година. Според различни извори, трите страни започнале преговори за решавање на ситуацијата, а еден од првите чекори е заедничката средба. Таборот на Алварез, Голденбој промоции на легендата Оскар де ла Хоја и ДАЗН имаа скоро 8-часовен виртуелен разговор оваа недела, за да се обидат да ги избалансираат односите.

„Тоа, што рагзовараат, е добро. Дефинитивно е многу подобро отколку воопшто да не зборуваат“, изјави извор кој побара анонимност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО