Тешки обвинувања од Бразил: Мек Грегор не беше тестиран пред борбата со Алдо

Mek Gegor na govornica so odelo

Сериозни обвинувања пристигнаа од таборот на поранешниот шампион на УФЦ во перолесна категорија, Хозе Алдо. Бразилскиот тренер Андре Педернеирас тврди дека Конор Мек Грегор не е тестиран на допинг повеќе од два месеци за да се бори со Алдо на УФЦ 194, кога за 13 секунди му го зема појасот.

Алдо и Мек Грегор вербално војуваа цела година до меѓусебната средба во октагонот, а препукувањата продолжија и осум месеци подоцна. Алдо го обвини Мек Грегор за земање на нелегални супстанци за полесно да се носи со отстранувањето на килажата. Педернирас ја потпали расправата тврдејќи дека УСАДА (Американската анти-допинг агенција) правилно не го тестирала Мек Грегор пред УФЦ 194, која се одржа во декември минатата година.

„Конор не е тестиран два месеци и два дена пред борбата со Алдо“, рече тој, додавајќи: „Јас барав и барав, но ништо не е направено. Зборувам и го предизвикувам тренерот на Конор сериозно да го тестира Мек Грегор. Сакам да видам дали ќе дојде до потребната килажа“.

Ниту Мек Грегор ниту УСАДА засега не одговорија на обвинувањата, но УСАДА претходно откри дека Мек Грегор во 2015 година е тестиран осум пати, секој пат успешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON