Тешеира е на првата позиција за предизвикувач во полутешка категорија

Гловер Тешеира веќе е предизвикувач број еден за титулата на Јан Блахович во полутешка категорија на УФЦ. Бразилскиот ветеран ја извојува петата последователни победа во текот на викендот, совладувајќи го Тијаго Сантос со завршница во третата рунда во главната борба на УФЦ на ЕСПН 17.

41-годишниот борец денес е број 1 на П4П, што е скок за две позиции во споредба со неговиот претходен пласман. Интересно, неговиот противник – Тијаго Сантос не е на ранг-листата, а директно на 3-тото место  два пати е пласиран Доминик Рејес (очигледно 2-та позиција ќе биде за Сантос, откако ќе се исправи грешката).

Ентони Смит исто така е едно место погоре и сега е број 6, за сметка на Волкан Оездемир кој сега е 7-ми.

Нема други промени во полутешка категорија. Шампион е Јан Блахович, а најдобрите пет ги комплетираат Александар Ракиќ и Јиржи Прохаска.

Топ 15 „го затвора“ Пол Крег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON