Нова храбра и одлична борба во четвртфиналето на таеквондо турнирот на Мила Рељиќ со Либанката Летиција Ајун на Олмписките игри.
Во изедначена борба нашата репрезентативка загуби со тесен резултат 2-0 во рунди, но првата заврши 8-9, а втората 6-6, па одлучуваа нијанси, односно повеќе допири.
Прва рунда 0-2, 3-2, 3-4, 5-7, 5-9, 6-9, 7-9, 8-9
Втора 0-1, 1-1, 1-4, 3-4, 3-6, 4-6, 6-6
Ајун поведе 2-0, а со удар во глава Рељиќ поведе со 3-2 по челинџот од тренерот Алексанадар Ефтимов. Но Либанката брзо поведе, а потоа се менуваа поените. Во оваа рунда Рељиќ влезе претпазливо, а потоа бркаше резултат, малку и фалеше за победа.
Во втората тргна поагресивно, а тоа беше и ризик. Сепак, добро се бореше и во втората рунда. Можеби челинџот што беше побаран од Ефтимов имаше основа, иако судиите не го прифатија.
Ако Либанката се пласира во финалето, Мила може да се надева на репасаж и борба за бронзениот медал.
Претходно Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија со 2-1.