Теренс Крафорд, кој се подготвува за голема пресметка против Сол Алварез-Канело оваа есен, е убеден дека го има она што е потребно за да го совлада својот поголем противник – вклучувајќи ја и моќта на удар.
„Канело започна во лесна категорија и постепено напредуваше во тежинските категории“, изјави Крафорд за Ринг.
„Поголемите момци обично се побавни, но можат да го фатат со силен удар. Сепак, тој може да ги види тие удари, да ги ублажи и да ги избегне бидејќи започна во полесна категорија каде што неговите противници удираат побрзо и посилно. Може ли да го нокаутирам, ако промаши удар Тој не е машина, туку човек од крв и месо. Нема да одам во рингот мислејќи дека не можам да го повредам, но не одам ниту на нокаут. Само ќе се борам според мојот план“.
Борбата меѓу Алварез и Крафорд е закажана за септември 2025 година, но пред тоа Алварез треба да ја одбрани титулата против шампионот на ИБФ во суперсредна категорија, Вилијам Скул на почетокот на мај.