Теренс Крафорд и официјално се откажа од титулата на ВБА

Теренс Крафорд (41-0) и официјално повеќе не е светски шампион на ВБА во полусредна категорија, откако денеска реши да ја ослободи титулата. Веста е објавена на официјалната веб-страница на здружението.

Легендата во дивизијата годинава реши да оди кај потешките, каде што пред само неколку недели го доби појасот во супер велтер категорија по успехот над Израил Мадримов (10:1:1).

ВБА донесе одлука да го прогласи Еимантас Станионис (15-0) за нов светски шампион во полусредна категорија со оглед на тоа што тој досега го држеше привремениот појас.

Ова дава јасен сигнал дека „Бад“ ја остава зад себе полусредната категорија и опциите пред него се конечно две – тргнување во потрага по неприкосновената титула во супер велтер категорија или меч со Сoл Алварез – Канело (61:2:2) уште повисоко. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON