Одличниот американски боксер Теренс Крафорд (40-0, 31 КО) е апсолутен шампион во полусредна категорија, а тоа неодамна го потврди и со победата во мечот против сонародникот Ерол Спенс Јуниор.
Во едно неодамнешно интервју, непоразениот Бад ги избра петте најголеми боксери во историјата.
„Рој Џонс Јуниор, Флојд Мејведер, Андре Ворд, Шугар Леонард и Теренс Крафорд мора да се најдат на таа листа“, изјави 35-годишниот американски борец.
Така, неговиот список вклучуваше повеќе шампиони во неколку различни категории, а тој си резервира едно место за себе.
Единственото нешто што изненадува е што нема тешка категорија како Роки Марчијано, Мухамед Али, Џорџ Форман, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд…