Изинатиов викенд, љубителите на боксот беа сведоци на тежок нокаут во публиката за време на боксерската гала Вергил Ортиз против Сергеј Бохачук. Додека публиката со нетрпение ја очекуваше главната пресметка, на трибините изби жестока тепачка меѓу двајца гледачи, која заврши со спектакуларен нокаут.
Видеото од инцидентот брзо стана вирално на социјалните мрежи. На снимката се гледаат двајцата мажи како се караат само пет секунди пред еден од нив да мавне слина десница. Ударот ја погодил целта, а другиот човек беше нокаутиран, на големо шокирање на случајните минувачи кои ја поздравувале борбата.
Експертот за бокс, Стив Ким, кој беше на настанот, твитна од своето седиште покрај рингот:
„Леле!! Избива тепачка и некој наидува на огромна десна рака. Тој човек беше нокаутиран, Боже мој. Тоа беше Томи Хернс наспроти Роберто Дуран“.
Ленс Пугмиер, друг боксерски репортер, исто така, објави дека навивачот кој го нанел нокаутот бил на пат за апсење, додека жртвата била пренесена во болница.
Fan gets knocked out COLD just now here at the Mandalay Bay ahead of Bohachuk vs Ortiz. They setting the tone for what’s in the main event pic.twitter.com/pTWTsXMyWc
— Marcos Villegas (@heyitsmarcosv) August 11, 2024