Теофимо Лопез: Ќе го повредам Ломаченко

Теофимо Лопез се закани дека ќе го повреди Васил Ломаченко на 17 октомври. Непоразениот боксер се стреми да ги обедини четирите светски појаси во лесна категорија.

„Јас сум видливо поголем од него и можам сериозно да го повредам“, изјави Лопез за ЕСПН.

„Не разбирам каква е оваа хистерија околу Ломаченко. Некои дури го посочуваат како најдобар во рангирањето за сите категории. Двајцата ја водиме 16-та битка и јас ќе бидам првиот апсолутен светски шампион од Латинска Америка.

Имам 23 години и иднината на боксот е пред мене. Ќе ја грабнам секоја шанса на патот до самиот крај на мојата кариера“, додаде Теофимо.

Тој уверува дека нема да има проблеми на мерењето и дека ќе биде целосно подготвен за судир и покрај долгата пауза поради пандемијата.

Лома веќе има пораз на скорот кај професионалците, но важи за голем фаворит во мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON