Теофимо Лопез Јуниор (16-1, 12 КО) ги загуби титулите ВБА (Супер), ИБФ и ВБО во лесна категорија во мечот против Џорџ Камбосос Јуниор минатиот ноември.
Американецот реши да направи пресврт во кариерата. Со оглед на тоа што слабеењето за лесната категорија за него е се поголем проблем, кариерата ќе ја продолжи во суперлесна категорија, каде границата е 63,5 килограми.
Наскоро треба да го договори првиот меч во таа категорија против сонародникот Арнолд Барбоза Јуниор (26-0, 10 КО).
Барбоза моментално е седми на рангирањето во суперлесна категорија според BoxRec и ја држи титулата ВБО Интерконтинентал. Тој има договор со Топ ранг како и Лопез кој би победил меѓу кандидатите за атак на титулата.
Но, и Арнолд бара можност, а победа против Теофимо би го зацврстила неговото име на рангирањето на боксерските организации.
Суперлесната категорија моментално има апсолутен шампион. Британецот Џош Тејлор е сопственик на четири појаси.
Тој ги обедини титулите минатиот мај откако го победи Хозе Рамирез. Првата одбрана на титулата ја има на 26 февруари против сонародникот Џек Катерало.