Боксерскиот меч меѓу Теофимо Лопез (16-0, 12 КО) и Џорџ Камбосос Јуниор (19-0, 10 КО) треба да се одржи на 5 октомври во Хулу театарот, во помала сала во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Нивната средба прво беше објавен за 5 јуни, но потоа следуваа одложувања, а една од причините е тоа што Лопез се зарази со коронавирус.
Се споменуваа датумите во септември и август, но немаше ништо од тоа. Трилер промоцијата што го организира мечот сакаше да го премести настанот во Австралија, но Теофимо Лопез не сакаше да се согласи на тоа.
Светскиот шампион во лесна категорија и сопственик на титулите на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО ја имаше својата последна борба минатиот октомври кога со судиска одлука го победи Васил Ломаченко.
Фановите се надеваа на возвратен меч, но Украинецот немаше клаузула во договорот за реванш.
Џорџ Камбосос Јуниор го имаше последниот меч исто така во октомври минатата година кога го победи Ли Селби со поделена одлука на судиите.