Теофимо Лопез: Гледам само еден исход – да го нокаутирам Ломаченко

23-годишниот шампион во лесна категорија на ИБФ, Теофимо Лопез, продолжува да демонстрира целосна доверба во своите способности пред бorbата закажана за 17 октомври против шампионот на ВБА и ВБО, Васили Ломаченко. Лопез објасни зошто има личнo нетрпение кон противникот и вети дека ќе го нокаутира.

„Имам причини за ова. Никогаш не сум бил човек што некого мрази или некому завидува. Но, со текот на времето, се појавија причини – видов како Ломаченко може да се однесува надвор од рингот и спортот, а тоа го видов лично. Како професионален спортист, можам да гледам зад сцената и никогаш не ми се допаѓало тоа.

Се радувам на 17 октомври за да ги покажам моите тупаници на дело. Се извинувам, Боб Арум, знам дека ова е твоето момче, но нема да биде по мечот меѓу нас“, изјави Лопез, кој е исто така е клиент на Арум.

„Искрено мислам дека сум различен и сум од оние борци кои можат да направат се. Ме гледаш само три и пол години. Некој ме забележа само сега или пред година и пол. Сè уште не сте виделе ништо. Продолжувам да се подобрувам. Сè уште не сте го виделе вистинскиот Теофимо. Луѓето во мене гледаа само нокаут и фактот дека имав добар удар со двете раце. Мојата боксерска интелигенција е сосема поинаква и тоа ќе игра голема улога на 17 октомври “, додаде тој.

„Не се обидувам да му влезам во главата, само сум искрен. Ако на 17 октомври се обиде да ме казни за моите зборови, супер. Ќе се обидам да го сторам истото со него. Во исто време, се обидувам да ја промовирам нашата битка.

Овој меч може да заврши само на еден начин – со нокаут на Ломаченко “, заклучи Лопез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON