На Меѓународниот џудо турнир „Младост Европе“ што се одржа изминатиов викенд Сеишин освои два медела – 1 златен и 1 бронзен.
Златен медал освои Теодора Тасеска во конкуренција на помлади пионерки, а Леона Настоска бронза, додека Симона Стојкоска е четврта.
Турнирот беше за старосните категории деца, помлади пионери и пионерики. На турнирот учество зедоа околу 300 натпреварувачи од 35 клубови од Србија, Македонија, Црна Гора, Романија, Бугарија и Грција.