Теодор Стојановски и Ведрана Тунески, кадети од ТК Бутел и таеквондо репрезентативци, котираат високо на европската ранг-листа во кадетска конкуренција во овој олимписки спорт.
Теодор Стојановски е втор на официјалната европската кадетска ранг-листа во категоријата до 49 килограми.
Теодор постигнува големи спортски успеси последните две години, носи медали од официјално рангирани турнири.
Ведрана Тунески е петта на официјалната европска кадетска ранг-листа во категорија -41 кг.
Ведрана е бронзен медалист на Европско пионерско првенство, исто така ниже големи успеси од официјално рангирани турнири.
„Едно момче и едно девојче од ист спорт, за прв пат во историјата на Македонија се наоѓаат на врвот на европска ранг-листа во еден олимписки спорт. Добро да ги запомниме овие имиња, ќе дадеме се од себе да стигнеме таму каде што многу ретко кој бил. Ние бевме и ќе бидеме“, вели тренерот Дарко Костовски.