Тензично на прес-конференцијата меѓу Теофимо Лопез и Арнолд Барбоса

Шампионот на ВБО во полусредна категорија Теофимо Лопез и привремениот шампион Арнолд Барбоса не можеа да ги задржат емоциите за време на втората прес-конференција пред нивната пресметка на 2 мај во Њујорк.

Вербалната расправија брзо прераснала во физичка пресметка откако Барбоза ја соборил каубојската капа на Лопез и двајцата почнале да се тепаат. Во метежот Лопез успеа да му удри шлаканица на Барбоса пред обезбедувањето да ги растури.

„Не ми е гајле што вели Арнолд. Јас сум џиновски убиец. Ги уништив сите што се нарекуваа такви. Самите не веруваат во сопствените лаги. Уште не сум го достигнал врвот – имам 27 години. Имам помалку борби од него, но повеќе титули. Колку години има Барбоса? Заложете ги вашите пари и видете што ќе се случи“.

https://twitter.com/DAZNBoxing/status/1899575474663342142

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО