Легендарниот боксерски коментатор и тренер Теди Атлас смета дека Канело Алварез треба да ја има следната борба во Лондон.
Неприкосновениот шампион во супер средна категорија последен пат се бореше во мај кога со едногласна одлука го победи Хаиме Мунгуја.
Во последните денови низ медиумите кружи веста дека следната борба против мексиканската боксерска ѕвезда треба да биде Британецот Крис Јубенк Јуниор, а нивната борба би можела да се одржи во септември на Островот.
А тој предлог стана уште поинтересен, бидејќи УФЦ ќе го организира настанот на Денот на независноста на Мексико, што значи дека тешко дека истиот ден ќе се одржи боксерски настан во Лас Вегас.
Алварез има 33 години и сигурно сега сака да приреди што повеќе интересни и атрактивни борби за да си ја обезбеди финансиската иднина, а Атлас ја одбележа борбата против Јубенк Јуниор во Лондон како потег за голема заработка.
„Ако го донесат во Лондон, тоа е потег од кој секој може добро да заработи“, рече Теди Атлас, а потоа продолжи:
„Секогаш ја сакате најголемата и најдобрата публика. Тој нема да има меч на Денот на независноста на Мексико, па може да дојде во Лондон. А единствена закана за Канело е времето, тој одеднаш може да старее или да се лизне. Времето минува, а тој ја има привилегијата да може да ги избира своите ривали. Јубенк и Берланга се негови можни противници. Канело е секогаш во предност, бидејќи парите постојано се вртат околу него“.
Боксерскиот настан на 21 септември на Вембли ќе биде главен со пресметката во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Даниел Дубоа за шампионскиот појас на ИБФ.