Теди Атлас не се сомнева во неговиот избор за „Борец на годината“

Ете, 2024 година е официјално зад нас и наскоро ќе дојде време да се фокусираме на битките во новата година. Во меѓувреме, беснеат последните дебати за субјективни награди во боксот. Многумина сè уште се расправаат за „Борец на годината“. Дали тоа треба да биде Наоја Инуе или Артур Бетербиев, можеби Теренс Крафорд. Сепак, нема таков спор за легендарниот тренер и активен аналитичар – Теди Атлас.

„За мене тука нема конкуренција. Тоа мора да е Александар Усик. Два пати го победи Тајсон Фјури. Прв пат за неприкосновената титула во тешка категорија, станувајќи првиот носител во изминатите 25 години по Ленокс Луис и Холифилд. Тој го постигна тоа. И тогаш, за да докаже дека не е случјано, отиде и повторно го направи тоа. Не знам како би можеле да го подобрите ова. И двајцата беа добри, а нивниот прв меч беше епски. Фјури го доби првиот дел, го повреди Усик доцна во шестата рунда, се чинеше дека ја има контролата, потоа Усик се врати, за малку ќе го нокаутираше Фјури. Фјури, од друга страна, отскокна и имаше дури и луѓе кои мислеа дека победи во последната рунда, претворајќи се од меко тело во стожер. Затоа го избирам Усик“, рече Атлас на неговиот поткаст.

Многумина од самиот почеток беа скептични дека Украинецот е способен да премине од полутешка во тешка категорија со оглед на големината на денешните боксери. Сепак, тој ги негираше критичарите, успешно поминувајќи низ гигантите и мајсторите со нокаут како Дерек Чисора, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО