Се чини дeка се решени сите проблеми со кои се соочуваа сите три страни во последните неколку недел и дека сепак е договорена борба меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов за привремената титула на УФЦ во лесна категорија.
Така барем во објава на Твитер неофицијално потврди таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, инаку личност која од самиот почеток се грижи за неговата кариера. Неговиот син претходно денеска соопшти дека ги започнал подоготовките за УФЦ 209, но дека противникот ќе дознаеме дополнително.
Ова не требало да зачудува, бидејќи и Фергусон со вчерашната објава на социјалните даде можност меѓу редови да се прочита дека има договорено борба,а испаѓа дека тоа е борбата на која навивачите некое време се надеваа.
Таа и порано и беше понудена на двајцата за настанот УФЦ 209, но Фергусон побара хонорар еднаков на оној на неговиот противник, што промоција на крајот не му ја остварија, односно Дана Вајт рече дека борбата нема да се одржи, бидејќи не би било во ред Фергусон да ги исполнува барањата кои не се наоѓаат во неговиот валиден договор.
Во секој случај, се чини дека уште ја чекаме само официјалната потврда на промоција и дека настанот УФЦ 209, кој се одржува на 5 март во Лас Вегас, ќе има своја главна борба.