Борбата меѓу Тајсон Фјури (34-1-1) и Ентони Џошуа (28-3) има ризик да стане една од најголемите борби на своето време која може и да не се случи. Британската јавност стравува токму од ова, бидејќи одамна „Островот“ нема двајца такви борци од висок профил во тешката категорија. Бери Херн, основачот на Мелрум бокс, го сфаќа ова.
„Џошуа против Тајсон Фјури на почетокот на 2025 година е борбата што имаме одговорност да ја понудиме и нема да отстапиме од таа обврска“, изјави таткото на Еди Херн за Скај спорт.
За таа цел и двајцата се соочуваат со задолжителни победи во следните натпревари. „Ромскиот крал“ треба да го добие реваншот со Александар Усик (22-0) во декември, а „Еј Џеј“ треба да доминира со Даниел Дубоа (21-2) во септември. Дури тогаш двајцата ќе бидат носители на сите појаси во дивизијата и ќе можат да конкурираат за неприкосновената титула. Сепак, поразбите ги вадат од големата игра барем за неколку години.