Тренерот и татко на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап Нурмагомедов, откри детали за подготовките за шампионскиот меч против Тони Фергусон.
Непоразениот носител на титулата во лесна категорија се очекува да се сретне со предизвикувачот Фергусон во април 2020 година. Ова ќе биде петти обид за организирање на овој меч.
„Бидејќи ова не е прв обид, мислам дека тоа ќе биде еден од најважните настани во спортот“, рече тренерот Нурмагомедов и додаде: „Оваа битка беше планирана четири пати и откажана двапати заради Хабиб и двапати поради Тони. Милиони обожаватели ја чекаат. Никогаш немало такво нешто во историјата на УФЦ. Ова е најважната борба за УФЦ. Важна е и за мене, но и за мојата земја и нашите поддржувачи.
Сето ова време ги подобруваме нашите вештини, особено во држењето на телото. Секојпат ги изненадуваме противниците“.
Фергусон е прилично кршен борец и стојот му беше тешка загатка за многу борци. Неодамна се бореше со Доналд Цероне на УФЦ 238, кога опсипа со удри ветеранот и го победи поради лаекарска забрана, стигнувајќи до 12 последователни победи.
Абдулманап верува дека неговиот син ќе ја следи стратегијата што секогаш ја следи и нема потреба да се придржува на играчкиот стил на Фергусон.
„Пред се тој има добра издржливост, а е и во добра позиција. Го фаќале, но ги завршувал сите борби со завршница или нокаут. Има богат арсенал и е достоинствен противник за кого треба да се подготвиме”.