Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, му се подобрува здравјето. Али Абделазиз, менаџерот на Хабиб, во интервју за ЕСПН и рече дека легендарниот тренер веќе ги отворил очите и напредува. На почетокот на минатиот месец, Абдулманап имаше срцев удар и беше позитивен на Ковид-19, кој предизвика влошување на здравјето.
Тој имаше операција на срце и беше во вештачка кома. Минатиот месец неговата состојба стана многу сериозна, но Абделазиз соопшти позитивни вести.
„Хабиб, неговиот татко и нивното семејство се многу силни. Неговиот татко се подобрува. Ги отвори очите и помалку одговара, што е добар знак. Алах ги контролира работите. Веруваме дека ќе биде добро. Тој напредува во моментот и сме многу среќни.
Мислам дека Хабиб стана посилен откако татко му се разболе. Тренира двапати на ден. Веќе го започна тренинг-кампот. Тој е вистински борец исто како и Гејџи. И двајцата се одлични и тој сака да се бори, и ова е борба од соништата’, изјави Абделазиз.