Шампионот на УФЦ Хабиб Нурмагомедов ќе се бори на 7 септември во Абу Даби против Дастин Пориер“, соопштил татко му Абдулманап.
„Ривалот е потврден – Дастин Пориер. Дуелот е закажан за 7 септември во Обединетите Арапски Емирати. Пориер ја заслужува оваа борба, не смееме да ги потцениме неговите квалитети”, рече таткото на шампионот.
Постариот Нурмагомедов верува дека Конор Мек Грегор засега не треба да размислува за реванш со Хабиб.
„Реванш со Мек Грегор? Ако освои неколку пристојни борби – зошто да не. Тој не изаработил ништо од 2016 година. Едно нешто што сакам да го кажам – кога ќе се предадеш, мора да молчиш и да се подготвуваш за реванш, да работиш за тоа. Мислам дека тој мора да помине барем преку Џастин Гаетје или Ислам Махачев“, изјави Абдулманап.