Иако ги губеше сите рунди и во четвртата беше во нокдаун, Карлос Такам сè уште беше во мечот кога судијата ја прекина борбата со Ентони Џошуа.
28-годишниот Британец доминираше во борбата, но осум години постариот Камерунец се обидуваше да одговори, пред судијата да го прекине мечот во средината на десетата рунда.
Такам, како и дел од 78.000 гледачи на стадионот Кардиф, кој почнаа да свиркаат, не беа задоволни од одлуката.
„Не знам зошто судијата ја прекина средбата. Мислам дека не требаше да го прекинат.
Такам во четвртата рунда доби расекотина на десното око, а во тој дел од борбата заврши и на подот.
Во втората рунда го повреди Џошуа во судирот со главите, но носот на шампионот не му беше скршен.
Камерунско-францускиот боксер 12 дена пред мечот го замнеи повредениот Кубрат Пулев.