Тајсон за Џејк Пол: Искрено, мислам дека не може да ме допре

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е решен на 15 ноември да влезе во рингот против младиот јутјубер Џејк Пол.

И покрај неговите 58 години и поврзаните здравствени ризици, „Железниот Мајк“ веќе се гледа како победник. Самата легенда вели дека нема што да изгуби. Тајсон и претходно изјави дека е зависен од адреналинскиот наплив на боксот. Тој и Пол требаше да се борат претходно овој месец, но чир на Тајсон го принуди да се повлече од борбата.

Пол остана на картата на настанот и успеа да го нокаутира Мајк Пери. Тајсон ја гледал борбата на телевизија, но не се вознемирил и потврдил дека ќе се бори со Пол. Многу луѓе го советуваат Мајк да се откаже од оваа борба бидејќи е веќе во сериозна возраст, но тој планира да не демантира. Во интервју за магазинот Esquire, тој изјави:

„Искрено, мислам дека не може да ме допре. Зависен сум од славата. Сакам луѓето да размислуваат за мене цел ден. Ќе го следам ова чувство до крајот на мојот живот. Никогаш не ми е доста од славата“.

Планираниот меч против Пол отвора многу прашања за можните здравствени последици на поранешниот боксер. Неколку боксерски легенди имаа разочарувачки враќања. Се шпекулира дека Тајсон ќе однесе дома 10 милиони долари, па неговото враќање во рингот не е изненадувачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON