Рафаел Кордеиро, тренерот на Мајк Тајсон вели дека „Челичниот“ очекува да има уште три големи боксерски мечеви во 2021 година по камбекот против Рој Џонс Јуниор на 28 ноември.
Бразилскиот ММА тренер тврди дека ако се оствари планот, Тајсон ќе го гледаме барем уште трипати следната година, откако засега 54-годишниот Американец изгледа во одлична форма за своите години.
„Тој е многу задоволен и сака да има уште три меча следната година, за да се бори за големи награди. Јас сум подготвен да работам со него, тоа е сигурно. Кога почнавме да тренираме, му кажав:’ Боже!’. Не знаев што да очекувам од некој кој не ставил ракавици 10 години. Но, видов човек со иста брзина и иста моќ како на 20 и нешто години. Моќта му е на огромно ниво. Работев со многу тешкаши во кариерата, и тој е речиси исто моќен како што Вандерлеи Силва. Си помислив дека ќе убие некого“, вели Кордеиро.