Тајсон признава: Еден тип постојано ме кршеше од ќотек

Легендарниот боксер, еден од најдобрите на сите времиња, Мајк Тајсон на американски подкаст откри досега неоткриена приказна за најтешкиот противник го кој имал во кариерата.

Тоа не бил официјален меч, но како што вели самиот Тајсон на подготовките за официјалните борби се подготвувал против засега неименуван боксер кој му предизвикувал огромни проблеми.

„Имаше еден тим кој ми беше најтежок во спаринзите. Се боревме во првата рунда, но потоа одлучив тој да биде последен за мене да ми биде најтешко и со цел да се ставам под притисок. Задачата на моите партнери беше да ме пребиваат, а кога немаше да го направат тоа им давав отказ. Морате така да се подготвите за големи борби.

Тој тип живееше во Атлантик Сити. Добро ме претепуваше секој ден. Еден ден трениравме и јас брутално го нокаутирав. За тоа сите говореа. Како сум страшен и што им правам на моите спаринг партнери. Но никој не виде како мене ме претепува“, откри Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО