Тајсон по смртта на ќерката: Полудев, сакав да си пукам во глава!

Легендарниот Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери на сите времиња, во 2009 година ја доживеа најголемата трагедија во животот, губејќи ја својата ќерка, која имаше четири години.

Неговата ќерка Егзодус починала откако случајно ѝ се замотало јаже за трчање околу вратот, пренесе американски ЕСПН.

„Детето си играло на лента за трчање, а под конзолата висел кабел како јаже“, изјави во тоа време полицискиот поручник Енди Хил за медиумот „АБЦ Њуз“.

Патем, овој случај се смета за трагична несреќа, а Тајсон многу тешко се справи со загубата на својата ќерка, откривајќи дека размислувал дури и да си го одземе животот.

„Размислував да земам пиштол и да си пукам во глава. Да, сакав да се убијам. Целосно полудев. Меѓутоа, кога отидов во болница, кога ги видов сите тие луѓе чии деца, исто така, починале, си реков: „Добро, кој сум јас да мислам така?! И нивните деца загинале“. Не можев да влијаам на тоа што се случи тој ден“, изјави Тајсон во едно интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО