Тајсон по борбата без победник со Џонс: Ова е подобро отколку вистински меч за светска титула (ВИДЕО)

Еден од најлегендарните боксери на сите времиња, Мајк Тасон (54 години) ноќеска се врати во рингот и покажа дека со право сѐ уште може да го нарекуваат „Железниот Мајк“, откако покажа дел од своите мајсторски потези во егзибицискиот дуел со уште еден ветеран, Рој Џонс Јуниор.

Без разлика што се очекуваше ова да биде фарса за пари, Тајсон и три години помладиот Џонс имаа импресивни моменти за време на мечот во Лос Анџелес, што судиите го прогласија за нерешен, што го налути Мајк, кој веднаш побара реванш. „Дедовците“ боксуваа осум рунди од по две минути и двајцата го завршија мечот насмеани и без видливи повреди.

„Тешко е да се примаат удари од Мајк. Треба да видам со семејството дали ова би го повторил повторно“, изјави Џонс по борбата.

Тајсон треба да заработи 10 милиони долари од борбата и претходно најави дека сите пари ќе ги донира.

„Ова е подобро отколку вистински меч за светска титула. Ние сме хуманитарци сега, можеме да направиме нешто добро за светот. Ќе го повториме ова“, изјави Тајсон, најмладиот светски првак во тешка категорија на сите времиња.

https://twitter.com/philthemmadude/status/1332916744105541632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1332916744105541632%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fspektakl-bez-pobednik-tajson-udirashe-kako-vo-najdobrite-vreminja-pa-se-naluti

Тајсон се повлече од боксот во 2005 година по поразот од Кевин Мекбрајд, додека Џонс продолжи да боксува и во свои 40-ти години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON